дек 26 2009
Македонскиот евроскептицизам е единствен
Значи и позиција и опозиција се сплоти, и е во напад на новиот закон против пушење. Ниту име,ниту идентитет не успеа така да ги сплоти како законов. ПУШАЧИ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ОБЕДИНЕТЕ СЕ! И тие кои со потсмев гледаа на спомнување на фразата ЧОВЕКОВИ ПРАВА(овде мислам на тешките десничари), оддеднаш се најдоа со загрозени човекови права.
Да не заборавиме дека има огромен број на такви кои истотака се борат за правото да си произведувате ракија по дома. Таквите ко нив гласно викаат -Кои се они нас да ни кажуваат ракија да не правиме?, -За инает ќе правам ракија….. Најгласните како и по обичај појма немаат како се прави ракија,ама факт е дека сакаат да си ја конзумираат и тоа бајаги. Јас не го знам точно законот,ама ако не се лажам, се забранува само производство во домашни услови за понатамошна препродажба,ама не и за лична употреба. Не сум сигурна,ако има некој нека го постира како точно гласи.
Како и да е, поентата ми е, и име ќе смениме, само цигарчето и ракиичкаата не ни ги чепкајте. Навистина сме единствени. Евроскептицизам хранет со цигара и ракиичка. Нека ни служи на чест.